Страница за изгубено и најдено на „Фејсбук“

Паричници, клучеви, ранци, регистарски таблички од автомобили, се најчесто предметите што се пријавени како изгубени или пронајдени на страницата „Изгубено-најдено“ на социјалната мрежа „Фејсбук“. Освен со пријавување во полиција или во сервисот за изгубени работи на ЈСП „Скопје“, граѓаните може да си ја пробаат среќата да си го најдат изгубениот предмет и на оваа страница на „Фејсбук“, која засега е единствена со таква содржина на македонски јазик.

Членуваат претежно скопјани, но и од другите градови. Страницата има 4.500 члена Оваа страница ја основал Борче Андоновски (41 година), кој работи како професионален војник во АРМ. Вели дека страницата постои од ноември 2011 година и има успешно решени случаи.

„Околу 14 часот од раскрсницата кај мостот „Близнак“ во Ново Лисиче кон салата „Јане Сандански“ и кон железничката станица ми се изгуби предната табличка... па доколку некој ја најде, би ве замолил за информација“, напишал Мики и оставил телефонски број за контакт. Исто така, има и пријава дека е изгубен женски паричник во Аеродром кај ТЦ „Бисер“ или на паркингот кај „Веро центар“ со лична карта и поголема сума пари кои се заработени со студентски престој во Германија, а се наменети за школарина. Оставен е и бројот на кој треба да се јави чесниот пронаоѓач.

Оваа страница ја основал Борче Андоновски (41 година), кој работи како професионален војник во АРМ. Вели дека страницата постои од ноември 2011 година и има успешно решени случаи.

- Во автобус најдов клуч од стан. Прво барав групи за да пријавам, но на социјалните мрежи не најдов, па решив сам да основам ваква страница. Идејата ми дојде од рубриката што порано постоеше во весниците, која исто така се викаше изгубено-најдено. Го фотографирав клучот и пријавив на страницата, што може и да се види - раскажува Андоновски.

Тој се надева дека оваа страница им е од полза на луѓето.

Некои од луѓето што пријавиле, сепак, немале среќа да го најдат изгубениот предмет. Kонтактиравме со лицето што имаше пријава за изгубениот женски паричник со поголема сума пари, наменети за школарина. На телефонскиот број што беше оставен се јави таткото на студентката што го изгубила паричникот во септември 2015 година. Тој разочарано ни рече дека не се јавил никој.