Странец пронајден паднат во стан, починал во болницата „8 Септември“

Во СВР Скопје вчера во 12 часот било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал 42-годишниот И.Д.К. од Германија, со патна исправа на САД, со престој во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- Според пријавеното, тој бил пронајден паднат во станот во кој живеел, по што бил пренесен во болницата, каде што починал, се појаснува во соопштението.

Извршен бил увид. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.