Странец користел фалсификувани документи

Вчера, на Граничниот премин „Деве Баир“ на излез од Р.Северна Македонија, приведено е едно лице кое користело фалсификувани документи.

„На 11.08.2022 во 08.50 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ на излез од Р.Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“-турска возачка дозвола бил лишен од слобода J.K.(41) од Србија. Лицето беше предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка", информираа од МВР.