Странците ја сакаат Македонија – зголемен број на туристи

Македонија лани во декември ја посетиле 51.599 туристи кои оствариле 103.721 ноќевање, што претставува за 22,6 отсто повеќе туристи и за 28 отсто повеќе ноќевања во споредба со истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2017 година бројот на домашните туристи пораснал за 19 отсто, а  на странските за 24,7 отсто.  Бројот, пак, на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 29,3 проценти, а на странските за 27 проценти.

Бројот на туристите во 2017 година е зголемен за 16,6 отсто во споредба на 2016 година при што кај домашните туристи има зголемување за 6,3, а кај странските за 23,5 проценти. Бројот на ноќевањата пораснал за 12,8 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 5,2, а кај странските за 22,8 отсто.