Странците ја посетуваат Македонија – на прво место е Скопје

Во јануари земјава ја посетиле 30.253 странски туристи остварувајќи при тоа 60.879 ноќевања. Најголемиот дел 13.431 престојувале во Скопје. Најбројни биле туристите од Албанија 3.819, Грција 3.670, од Бујгарија 3.562 и од Косово 3.107, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, бројот на странските туристи во однос на јануари лани е зголемен за 20,9 проценти, а кај домашните туристи за пет проценти. Бројот на домашни туристи во првиот месец од годинава изнесувал 19.094.

Вкупниот број туристи бележи раст од 14,2 проценти, а бројот на ноќевањата од 22,1 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 11,2 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 32 отсто.

Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на претходниот месец бележи намалување за 4,4 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,5 отсто.