Стотици пријавени и 30 победници на наградниот предизвик на VIVAX

Заврши еден значаен спортски празник, а со него и наградниот предизвик на VIVAX. Светското првенство во фудбал и оваа година кулминираше со еден победник, но тоа не беше случај кај наградниот предизвик на VIVAX каде 30 учесници беа наградени.

Еден месец, од 15 јуни до 15 јули, сите ја имаа можноста да се пријават на наградниот предизвик на VIVAX објавувајќи слика на својот фејсбук профил како навиваат за својот омилен тим. Правејќи го тоа и следејќи ги официјалните правила, стотици учесници беа потенцијални добитници на 20 VIVAX телевизори и 10 VIVAX смартфони. За тие кои ги следеа правилата следуваше големото извлекување во понеделник, 16.07.2018, ден по финалниот натпревар на светскиот мундијал.

Добитниците се објавени и известени преку официјалната Фејсбук страна на VIVAX Macedonia: https://www.facebook.com/VivaxMacedonia/

Целта на VIVAX беше да направи што повеќе победници од овогодинешното светско усреќувајќи што поголем број на луѓе. Затоа со овој награден предизвик и со преземањето чекори за заштита на животната средина преку користење на R32 фреон во своите клима уреди VIVAX успева во подобрување на различни сфери во општеството.

VIVAX минатата година го прослави својот 10 годишен јубилеј во Македонија. Хрватската компанија како бренд постои веќе 15 години, како дел од M САН Групација - Хрватска, а во Македонија е присутна 11 години преку ПАКОМ Компани. Нивните клими се најпродавани во Македонија, и бројните други видови на производи се фокусираат на истата мисија, а тоа е понуда на квалитетни производи по пристапна цена. Затоа телевизорите кои се произведуваат во Хрватска се подложни на 100% контрола и 4 часа обемно тестирање со цел корисникот да е потполно сигурен во квалитетот на VIVAX телевизорите.

ПАКОМ Компани во својата дистрибутивна мрежа има 450 партнери, од кои 350 се VIVAX партнери, a во својата сервисна мрежа има 35 партнери.