Сторија раскажана од CNN: Приказната за Влад од Македонија и Ига од Полска, кои повторно се среќаваат по десет години

Во 2005 година, на плажите на Скотина, Грција, Ига Ољсак од Полска и Влад Димовски од Македонија се запознале како тинејџери. Иако нивната љубов изгледала како класична летна авантура, тие биле свесни дека тоа ќе трае многу кратко. Токму за оваа романтична приказна неодамна своја сторија објави светскиот медиумски сервис cnn.

„Имавме одлично време, но јас сè уште бев во средно училиште. Живеевме во различни земји и знаевме дека не можеме да имаме заедничка иднина“, раскажува Ига.

Но, тие двајца никогаш не го заборавиле тоа лето. Додека социјалните мрежи беа во својот зачеток, тие преку е-маил ја продолжиле комуникацијата во следниот период.

Како што годините минувале, Ига дипломирала, се преселила во Германија, се омажила и се развела. Влад се преселил во САД и живеел во Чикаго. Но, по десет години, животите на двајцата се вкрстиле кога Ига го контактирала Влад преку пораката на Фејсбук.

„Се почна да се случува брзо. Се чувствував како повторно да се поврзувам со мојот најдобар пријател“, вели Ига.

Не помина многу време кога Ига го посетила Влад во САД, и заедно започнале да живеат во Чикаго. Во меѓувреме, Влад ја однел Ига назад во Скотина, на местото каде што ги започнале своите тинејџерски спомени. Таму, на плажа, Влад ја побарал Ига за жена.

„Дали ќе се омажиш за мене?“, ја праша Влад, држејќи прстен и покажувајќи и видео од местото каде што се запознале. Ига одговори – „Да!“.

Денес, Ига и Влад живеат во САД со своите две деца. Ига води бизнис со лајф коучинг и работи како проект-менаџер за технолошка компанија, додека Влад е директор на операции во транспортна компанија.

Оваа приказна за љубовта која не се изгубила со времето и за случајните среќавања и повторни шанси ги инспирира сите да веруваат во среќни повторни почетоци.