Стопанска банка АД-Скопје во соработка со брендот VISA организираат голема наградна игра во која најсреќните добитници ќе патуваат на Олимписките игри во Париз ова лето.
Наградната игра „Со VISA картички до Париз на Олимпијада 2024“ ексклузивно се организира само за корисниците на VISA картички издадени од Стопанска банка. Таа почна денеска (1 април) и ќе трае до 31 мај. Во неа може да учествуваат сите полнолетни граѓани кои во наведениот период имаат направено безготовински трансакции со VISA дебитна или кредитна картичка од Стопанска банка.
Секоја трансакција носи по едно право на учество во извлекувањето. Колку повеќе трансакции се направени, толку се поголеми шансите за добивка. На крајот на наградната игра ќе бидат извлечени двајца најсреќни добитници кои ќе добијат по два авионски билети за патување во Париз и посета на олимписките игри во организација на VISA.
Покрај двете главни награди, во наградната игра ќе бидат доделени и 14 штици за веслање (СУП) и 14 мини фудбал игри.
За правилата на наградната игра може да се информирате подетално на следниот линк.
Извлекувањето на наградите е закажано за 12 јуни, при што добитниците ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.
Стопанска банка и VISA им посакуваат среќа на сите учесници во наградната игра.