„Стоп за Вардариште“ и утрово на терен - Бараат акција од надлежните веднаш, а не по изборите

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ утрово тргнаа да го посетатат Вардариште, а според најавите на посетата треба да се приклучи и в.д. градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митревски. 

Вчера тие јавно ги повикуваа и надлежните на останатите институции до кои, како што велат се имаат обратено да им се приклучат во и заедно да го посетат Вардариште и да им ги презентираат конкретните мерки кои ќе бидат преземени веднаш, а не пoсле локалните избори. 

- Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште. Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување на Вардариште. Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на територијата на Вардариште. Поставување на ограда околу Вардариште. Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште. Откривање и казнување на потпалувачите и организаторите на пожарите. Ригорозни мерки против граѓани и правни субјекти кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште, се дел од барањата на иницијативата. 

Барањата беа доставени до претседателката на Македонија, Владата на Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за внатрешни работи, Министерство за социјални политики, демографија и млади, Град Скопје, Општина Гази Баба и Општина Аеродром. Досега, не добивме одговор од ниту една институција“, истакнуваат од таму.

Протестите на раскрсницата кај мостот Близнак ќе продолжат и натаму. 

- Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат за да го бараме заедно уставно загарантираното право за здрава животна средина, следствено и за ист воздух, што е приоритет за сите нас, додаваат од „Стоп за Вардариште“.