Стомачен вирус или труење со храна - Како да ги разликувате?

Во летниот период чести се случаите на труење со храна или стомачен вирус, велат лекарите. 

Која е разликата меѓу овие две состојби?

При труење со храна, симптомите се јавуваат неколку часа по изложеноста на заразата, додека кај стомачниот вирус треба да поминат од 24 до 48 часа од заразата до првите симптоми.

Симптоми при стомачен вирус се грчеви во стомакот, покачена температура на телото, ладна пот, мачнина, дијареја, намален апетит, болки во мускулите и зглобовите, главоболка и повраќање. Слични се симптомите и при труење со храна. 

Во случај на труење со храна симптомите би требало целосно да се повлечат за неколку дена, додека оние на стомачниот вирус може да траат цела недела.

Правилната хидратација на организмот и одржувањето на нивото на електролитите под контрола се важни во двата случаи