Столе Стоилов: Среќен сум што во тешки времиња донесовме радост кај нашите граѓани

Благодарание на искуството и физичката спремност, Стоиле Стоилов е еден од најдобрите играчи кои осма година по ред ќе игра во редовите на црвено црните. Со тек на годините стана еден од играчите кои се вистинска икона во клубот и кој беше еден од клучните за големите успеси во Келн. Ова го пишува ЕХФ на својата веб страна како најава за екслузивното интервју со капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов. 

Во интервјуто тој вели дека имале турбулентна сезона и куп на проблеми, но истакна дека успеале да се надминат и да стигнат до посакуваниот трофеј.

 Притисокот е нешто што е добредојдено за нашиот тим, затоа што кога сме под притисок имаме подобри резултати. Како и да е, кога си шампион, мора да се однесуваш шампионски на секој меч, а тоа не е воопшто лесно, вели Столе на прашањето дали вториот трофеј носи дополнителен товар на стартот на новата сезона. 

Понатаму тој вели дека Вардар е посебен клуб не само за Скопје, туку за цела Македонија.

Клубот има огромна фан база, која ги вклучува најдобрите навивачи Комити, јас сум еден од нив. Татко ми исто така го сака овој клуб и ми ја префрли љубовта кон Вардар одамна. Се сеќавам дека ме носеше на фудбалски натпревари како мал. Денес, јас сум капитен на овој тим, ја носам лентата со чест и гордост и среќен сум што во тешки времиња за нашата држава, донесовме радост кај нашите граѓани, додава Стоилов. 

Оваа година целта на клубот е иста, а тоа е учество на фајнл фор во Келн, завршува Стоилов во своето интервју.