Столе го започна шоуто уште во Келн, шампионите тргнаа кон историскиот дочек

По ручекот во хотелот „Радисон Блу“ во Келн, европските шампиони се упатија кон аеродромот Бон-Келн, од каде со чартер лет ќе тргнат за Скопје. Видно уморни, но емоционално полни, вардарци со нетрпение го чекаат дочекот. Оние кои беа дел од историјата впишана пред две години им раскажуваат на новајлиите како беше на аеродромот и плоштадот во Скопје. Во режија на Столе и Тимур шоуто започна уште во Келн, па може да претпоставите како ќе биде низ Скопје попладнево и вечерва.

Извор: Гол.мк