Стоковна куќа „НАМА“ - место каде скопјани ги трошеле своите пари

Ако тргнеш да купуваш нешто, тоа автоматски значи дека првин одиш во Стоковна куќа - место за се, од игла до локомотива.

Место каде скопјани ги трошеа своите пари, а за возврат добиваа само квалитет. 

Место од кое живееја многу семејства во Скопје. 

Постарите скопјани во Фејсбук групата Стари скопјани, се сеќаваат и со носталгија раскажуваат, сакајќи барем за момент да можат да се вратат назад, на едни поинакви, поскромни, но за многумина поубави времиња. 

- Од овде заработувавме за среќен живот и стекнавме вечни пријателтва.Со голема почит се сеќавам на убавите денови.

- Јас работев таму 11години во најубавите години од мојот живот беше снабдена со се и сешто.

- Мојата мајка и снаа за брат тука работеа.Таму се продаваше од игла до локомотива и се' со врвен квалитет. Кои убави времиња беа... Носталгија.

- Во На-Ма имаше и разглас. Во посебна просторија презентерка преку микрофон го водеше тогашниот "маркетинг " во делот на реклами, внатрешната комуникација и цените на производите.

- Со колкава радост купувавме во стоковната куќа,со мерак....па се возевме на ескалаторот до втор и трет спрат каде имаше теписи и др.големи производи,а белата техника беше во подрумот,на меѓуспратот беше банката и таму често си ги завршуваме работите...многу убави спомени имам,а производите беа од цела Ју и тоа од најдобрите фирми,фабрики за текстил...беше вистинско уживање за шопинг.

Ова се само мал дел од коментарите на скопјани, кои се сеќаваат на Стоковната куќа.