Стојкоски: Започнуваме со реконструкција на краците и главната улица 95 - најави уште 90 нови улици во Ѓорче

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во објава на Фејсбук информираше дека е започнато со реконструкција на краците и главната улица 95, овде за прв пат се поставува асфалт и бехатон. 

„Започнуваме со реконструкција на краците и главната улица 95, овде за прв пат се поставува асфалт и бехатон, иако улиците се стари и по повеќе од 40 години. Започнуваме со асфалтирање и на улиците 5 и 7 со краците, а продолжуваме во секое населено место“, вели Стојкоски.

Тој во објавата најави уште 90 нови улици во Ѓорче.