
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски со крупни ветувања за жителите на Стопански двор. Тој најави дека изградбата на новата детска градинка во ова населено место привршува, а во нејзина близина најави и изградба на нов спортско рекреативен комплекс.
„За брзо завршуваме со изградбата на новиот објект, градинката во Стопански Двор, зголемени капацитети за најмалку 120 дечиња. Нова перспектива за развој! Грижата за децата на прво место“, истакна Стојкоски во денешната објава на Фејсбук.
Тој исто така, во објава на социјалните мрежи вчера најави дека на површина од 3.000 метри квадратни ќе изградат прв спортско рекреативен комплекс во Стопански двор.
Како што најави Стојкоски, овој спортско рекреативен комплекс ќе содржи нов терен за фудбал на вештачка трева, терен за баскет и детско игралиште.