
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ветува директна финансиска помош за секој првооделенец и полуматурант во новата програма.
„Во новата програма предвидуваме директна финансиска помош за секој првооделенец и полуматурант, со цел да олесниме на семејствата и успешен старт во основно, односно средно образование“, најави Стојкоски.
На фотографијата од објавата се наведува дека се предвидуваат 3.000 денари за секое прваче и 5.000 денари за секој полуматурант.
Тој посочи дека остануваат воведените мерки за бесплатно ранче и прибор и за бесплатна ужинка за првачињата.