Стојкоски вети реконструкција на улицата „1600“

Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски утрово се сретна со сограѓаните кои работат и поседуваат индустриски капацитети на ул. 1600, којашто е навистина во лоша состојба и е децениски проблем за овие луѓе.

На оваа улица има 19 приватни фирми и над 150 вработени, кои секојдневно се соочуваат со проблеми поради лошата инфраструктура.

-На денешната средба заеднички изнајдовме решенија на долгогодишните проблеми и се обврзав во најбрз можен рок да се отпочне со реконструкција и асфалтирање на улицата, што ќе придонесе за непречено функционирање на работниците, како и за дополнителен развој на оваа мини индустриска зона, порача Стојкоски додавајќи: 

-Ѓорче Петров мора да се развива и да се надминуваат проблемите од овој вид кои претставуваат пречка за елементарното функционирање на граѓаните.