Владата партнер на Општина Ѓорче Петров! - објави градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
- На мое огромно задоволство, денес, после цели 21 година Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски потпиша меморандум за соработка со општините. Ветувањата стануваат реалност, ветените капитални проекти ќе се реализираат со обезбедени финансии, без задолжување за општините! - порача првиот човек на општината откако вчера беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Владата и ЗЕЛС.
Како што рече Стојкоски општина Ѓорче Петров добива средства за нови градинки, училишта, патна и подземна инфраструктура.
- Кога се работи со срце за својот народ и својата земја работите се случуваат, дециден е тој.