Стојкоски: Ставен во функција системот за водоснабдување во Кучково

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров информираше дека конечно е решен деценискиот проблем во селото Кучково. 

Тој соопшти дека во селото е ставен во функција системот за водоснабдување.

-На денот кога го славиме Свети Георгиј Победоносец, заштитник на манастирот во селото, селото добива вода. За многу години! Кучково конечно добива услови според стандарди. Годинава завршени се големи инфраструктурни чекори во ова населено место. Кучково доби мапирани велосипедска и пешачка патека, нова урбана опрема, а партерно беше уреден локалитетот Крст. Продолжуваме во насока на реализација квалитетни проекти кои ќе го подобрат животот на жителите на Ѓорче Петров - истакна Стојкоски.