
Денес, со Министерството за транспорт и врски, потпишав договори за реализација на вкупно 21 проект за изградба, реконструкција и уредување на улици, патишта и јавни површини на територијата на Општина Ѓорче Петров со вкупна вредност од над 280.000.000 денари, сподели градоначалникот Александар Стојкоски.
Ќе се реконструираат улици и краци во Хром, Волково, Орман, Кисела Јабука, Кучково, Стопански Двор и Ново Село. Ќе се уредуваат пристапни патишта, ќе се поставува улично осветлување и ќе се гради нова јавна површина со плоштад и урбана опрема.
Како што информираше Стојкоски во објава на социјалните мрежи, проектите ги опфаќаат следниве локации:
1. Улица „5“ со краци и улица „7“ (кон с. Орман) и крак 3 на ул. „7“ во Волково;
2. Краци (десно) на ул. 100 во Волково;
3. Ул. 31 во Волково;
4. Краци на ул. 49 и ул. 95 во Волково;
5. Краци на ул. 81 во Волково;
6. Краци на ул. 33 во Волково и ул. 52 во Стопански Двор;
7. Краци на ул. 35, 37, 39, 41, 102 и 103 во Волково;
8. Ул. „20“, „84“ и „44“ со крак во Кисела Јабука;
9. Патот од с. Орман до с. Никиштане;
10. Крак на улица 1 во Ново Село;
11. Патишта и краци на улици во село Орман;
12. Краци на ул. 51 во Стопански Двор;
13. Улица кон Старо Буре – Кучково;
14. Улици во с. Кучково (кон црквите Св. Недела и Св. Петка);
15. Краци на ул. 1 во Ново Село;
16. Локален пат Орман – Волково – Кучково – граничен премин Чашка (делница Волково – Кучково);
17. Дел од ул. „95“ и краци на ул. „60“ во Волково;
18. Пат с. Орман – с. Никиштане (фаза: улично осветлување);
19. Ул. Воин Драшкоци;
20. Ул. 1 во Ново Село – ДУП СЗ 03, фаза I;
21. Основен проект за јавна површина со плоштад, пешачка патека и урбана опрема.
Проектите се одобрени во рамки на вториот јавен повик на Владата на Република Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти на општините.
Градоначалникот Стојкоски изрази благодарност до Владата на Република Македонија, како и до премиерот Мицкоски за поддршката, за довербата и за препознавањето на приоритетите на нашите граѓани.
Тој нагласи дека ова е досега најобемниот развоен пакет за Ѓорче.