Стојкоски со отчет: Што се сработи во Ѓорче Петров во изминатите 365 дена

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, вчеравечер даде отчет пред жителите на општината. 

-Работата на советот, општинската администрација, сугестиите од жителите даваат резултати со кои може да се гордееме. Секогаш треба и може да се направи повеќе, со максимална посветеност ќе ги реализираме сите зацртани цели. Да живее Ѓорче Петров!, порача тој пред присутните. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски, кој беше присутен на отчетот вели дека е задоволен од досега сработеното.

Уште во првата година се успеа:

- Асфалтирани локални улици со површина од 22000 м2;

- Изградени над 2500 метри атмосферска и фекална канализација;

- Во завршна фаза е решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во с.Кучково;

- Четирикратно се зголеми реализацијата на решавање на предметите за легализација;

- Исчистена најголемата дива депонија во Ново Село;

-Се намалија вкупните обврски на општината за 24 милиони денари и непродуктивните трошоци за 75%;

- Ново комунално возило за зимско одржување;

- Се замени азбестниот кров на училишната сала во ООУ “Страшо Пинџур”;

- Започна изградбата на мега паркот “Даме Груев”, на површина од 31000 м2 – прв мега парк во Скопје.