Градоначалникот на Ѓорче Петров денеска одржа годишна редовна координација за преземање превентивни мерки и активности за заштита од пожари и спречување од такви дејствија на отворено.
Заедно со советникот за заштита, спасување и управување со кризи Кире Ристовски, претставници од месните и урбани заедници, службата за теренски работи на Општина Ѓорче Петров и претставници од полициската и противпожарната станица-Ѓорче Петров ги договорија подготвителните активности во пресрет на летната сезона и покачените температури.
-Многу е важно да делуваме навремено и превентивно. Во периодот што следува ќе биде поделен и информативен материјал меѓу населението со информација за превенција, пред се, од шумски пожари. Остануваме во постојана комуникација и координација, а очекуваме и упатства за следните чекори од Центарот и Дирекцијата за управување со кризи, порача Стојкоски.
-Во оваа насока, апелирам да бидеме особено внимателни при посета на шумските места низ општината во пресрет на празникот 1 Мај. Да се однесуваме одговорно кон природата и натаму да бидеме свесни и совесни со цел заштита на нашата околина, порача градоначалникот Стојкоски.