Стојкоски: Секогаш отчетно пред моите сожители

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, продолжува со давањето отчетност на жителите на Општината со која раководи веќе една година. Тој во изминатиов период, ја информира јавноста за сработеното во првата година од мандатот.

„Уште во првата година се успеавме:

-Асфалтирани 30 локални улици со површина од 22000 м2;

-Изграден нов рекреативен центар Кучково, амфитеатар со партерно уредување

-Изградени над 2500 метри атмосферска и фекална канализација;

-Во завршна фаза е решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во с.Кучково;

-Четирикратно се зголеми реализацијата на решавање на предметите за легализација;

-Исчистена најголемата дива депонија во Ново Село;

-Се намалија вкупните обврски на општината за 24 милиони денари и непродуктивните трошоци за 75%;

-Ново комунално возило за зимско одржување;

-Се замени азбестниот кров на училишната сала во ООУ "Страшо Пинџур";

-Започна изградбата на мега паркот "Даме Груев", на површина од 31000 м2 - напиша Стојкоски на официјалната Фејсбук страница.