„Младиот фудбалски бисер од Ѓорче Петров, Дарјан Галевски блеска со својот талент и не престанува да не прави горди! Со задоволство поразговарав со Дарјан за неговите идни планови и амбиции. Подготвен е да го освои фудбалскиот свет. Тој е вистински пример за спортски млад херој од нашата општина, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочи дека на само 9 години, Дарјан веќе зад себе има преку 20 одиграни турнири, а неговата игра го воодушеви и великанот Барселона.
На турнирот во Загреб младиот Дарјан бил издвоен како најдобар поединец меѓу 200 врсници од страна на тренерите на Ла Масија – легендарната академија на Барса!
„Неговата визија, техника и пасија за играта се нешто што ретко се гледа, а токму затоа беше поканет и на камп организиран од Барселона. Успехот не застанува тука – веќе е дел од Црвена ѕвезда, и го очекува светла иднина на фудбалската сцена, објаснува градоначалникот Стојкоски.
Тој му порачал на младиот Дарјан да продолжи да сонува, да тренира и да победува!