Стојкоски: Остануваме во чекор со динамичната работа и остварување на резултати

Изминатата седмица ја одбележаа повеќе активности во Општина Ѓорче Петров, информираше градоначалникот Александар Стојкоски. 

Како приоритетни активности на Општинаата беше и одржувањето на Кризниот штаб, со цел навремено и плански да се реагира за престојниот период и најавата за снежни врнежи, рече Стојкоски. Ги уверува граѓаните дека Општината е подготвена да се справи со зимските услови, преку залихи на сол, како и поседување на сопствено возило за за расчистување на снег. Особено внимание ќе се обрне на критичните точки, како што се мостот кон Даме Груев и патот кон Кучково, потенцираше Стојкоски. Тој извести и за оснататите реализирани активности во изминатата недела.

-Екипите на Комунален пункт на општина Ѓорче Петров беа во организирана акција за расчистување на паднатите лисја по коловози и тротоари во надлежност на општината. Стартувавме со УЗ Мирче Ацев, а последователно и во сите други урбани и месни заедници.

 Во ООУ ,,Ѓорче Петров" се одржа инклузивна работилница ,,Читаме без дискриминација" на која присуствуваа учениците од прво до трето одделение. Преку инклузивната сликовница “БУКВА ПО БУКВА - АЗБУКА“ од авторката Гордана Симоновска Момировска, претседател на Здружението ,,Различни, а еднакви", со кое општина Ѓорче Петров соработува, дечињата имаа можност на еден интересен начин да се запознаат со трите форми на азбуката со кои се овозможува описменување и комуницирање на сите луѓе во светот.

Во ООУ „Тихомир Милошевски“ со повеќе активности се одбележа 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Општина Ѓорче Петров во рамки на своите ингеренции, преку разни форми, прави максимални напори на овие дечиња да им го олесни секојдневнието. Во ова училиште има 19 дечиња со попреченост. Тие секојдневно работат со специјален едукатор и со рехабилитатор - истакна Стојкоски. 

Градоначалникот потсети и дека Општина Ѓорче Петров даде поддршка за реализацијата на интернационалниот карате „Ѓорче куп 2022", кој одбележува 30 години постоење, а 50 години карате како спорт во Ѓорче Петров. Стојкоски соопшти и дека изминатава недела се работело на креирање на општинскиот буџет за следната година.

-Овие два дена од викендот заедно со моите сограѓани дискутиравме за буџетската каса за следната година која ќе ги опфати и нивните предлози и сугестии. Граѓаните имаа одлични идеи за подобрување на инфраструктурата, образованието, културата, спортот. Ова беше недела на настани од сите области. Остануваме во чекор со динамичната работа и остварување на резултати - заклучи Стојкоски.