Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на социјалните мрежи информираше дека општината го добива првиот регионален центар за деца кои победиле карцином. Ова според Стојкоски дава нова надеж за најхрабрите, за малите херои, кои ја победиле најлошата болест, да добијат центар кој ќе понуди психо-социјална, образовна и здрвствена поддршка, се што потребно за да храбро да чекорат и да уживаат во секој миг од детството.
„Центарот ќе има капацитет за 20 деца и нивните родители, со комплетно опремени простории за престој, учење, психо-социјална поддршка и физичка рехабилитација. Благодарност до НВО САНО, кој се наши партнери од самиот почеток и сите кои ја препознале важноста на оваа иницијатива и помогнаа да се реализира овој проект кој ќе направи разлика во животот на многу деца и семејства! Со оваа иновација, се поставува нов стандард во здравството и социјалната грижа, кој ќе инспирира не само нашата општина, туку и други региони и држави. Историски проект за нашата општина и целата држава“, напиша Стојкоски.