Стојкоски: Нови возила за почисто Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денес ги промовираше двете нови мултинаменски товарни возила кои имаат за цел поефективно решавање на проблемите на граѓаните.

„Општина Ѓорче Петров го зајакнува својот возен парк со две нови мултинаменски товарни возила! Со инвестиција од 1700000 денари, овие возила ќе овозможат поголема ефикасност, побрза услуга и значително подобрување на активностите на терен. Ова е уште еден значаен чекор кон модернизација на општинските служби, со цел поефективно решавање на потребите на нашите граѓани. Апелираме до сите граѓани да бидат повнимателни во одржувањето на хигиената и да придонесат кон почиста и поуредна заедница. Секој мал чекор прави голема разлика! Продолжуваме со силен ангажман за чиста и уредна животна средина во нашата заедница! Затоа, заедно ја градиме општината која ја заслужуваме“, напиша Стојкоски.