Реконструкцијата на спортскиот терен во ООУ "Димитар Поп Георгиев - Беровски" е завршена. Поставена е нова тартан подлога со површина од 650 м/2 напиша градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на социјалните мрежи. Тој додаде дека во изминативе месеци е направена реконструкција на речиси сите спортски терени во општината.
„Во изминатиот период извршивме реконструкција на речиси сите спортско-рекреативни терени во нашата општина. Работевме на подобрување на условите за спорт и рекрација во населбата Даме Груев со поставување на 650 м² нова тартан подлога, го реконструиравме спортскиот комплекс "Бранители" во Волково со површина од над 1500 м², поставивме вештачка тревна подлога во ООУ "Димитар Поп Георгиев - Беровски и изградивме целосно нов фудбалски терен со вештачка тревна подлога кај стадионот во Ѓорче Петров.
Покрај реализацијата на овие проекти, во наредниот период ќе се започне со поставување на вештачка тревна подлога во ООУ "Страшо Пинџир" и ООУ "Мирче Ацев".
Како локална самоуправа, секогаш сме фокусирани на развојот и благосостојбата на младите генерации. Овие терени ќе добијат нова, модерна подлога, која ќе создаде уште подобри услови за спорт, рекреација и здрава забава за нашите најмлади“, напиша Стојкоски.