
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски најави 10.000 денари субвенции за полагање на возачки испит за млади.
„Ја воведуваме мерката за финансиска поддршка за новите возачи, со цел младите побргу да се стекнат со возачка дозвола, да имаме одговорни возачи и безбеден сообраќај“, истакна Стојкоски во својата објава на Фејсбук.
Тој додаде дека поддршката за младите расте.