Пред продолжението на натпреварите во македонската супер лига, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари средба со екипата на Ѓорче Петров - ЖРК.
-Имаме силно мотивиран и силен тим, а девојките се вистински борбени лавици. Фокусот е ставен на наредните натпревари во Европскиот Куп. Двете средби од третото коло во ова натпреварување против австрискиот Румс Јагс ќе бидат одиграни во Скопје.нНа 10-ти и 11-ти Декември да бидеме силна поддршка на нашиот тим! - порача Стојкоски на официјалната Фејсбук страница.