Стојкоски: Градежните активности се во полн ек во Ѓорче Петров, решаваме децениски проблеми на жителите

Градежните активности се во полн ек во Општина Ѓорче Петров.

-Во моментов се работи на припремни активности за асфалтирање на улици во Волково. Се работи на улица 73 во должина од 170 метри и улица 21 во должина од 150 метри. Решаваме децениски проблеми на жителите на општината, со поставената динамика до крајот на летото ќе завршиме улици со приближна должина од 5000 мeтри, порача градоначалникот на општината Александар Стојкоски.