Стојкоски: Ѓорче Петров е спој на различности кои обединуваат

Ѓорче Петров е општина во која различностите функционираат како целина, а се води по принципите на неселективност и еднаквост. 

„Спојот на различностите во Ѓорче Петров е наша предност, бидејќи културите и желбата за подобра општина нѐ обединуваат. Неселективноста и еднаквиот пристап кон секој поединец или група, секоја националност или религија, се едни од главните принципи на моето функционирање. Она што на сите ни е заедничко, е што сме жители на Ѓорче, кое ќе е модерно, урбано и хумано!“, напиша градоначалникот Стојкоски на Фејсбук и додаде:

„Претставниците на  Институтот за истражување и анализи на политики 'Ромалитико' споделија многу идеи, визии, но и детали за проектот 'Заедно до просперитетна заедница' поддржан од УСАИД – Македонија. Преку него, тие учествуваат во подобрување на приоритетните потреби на заедницата.“

„Разговаравме за поквалитетно образование, инфраструктирните проблеми и создавање услови за вработување на ромското население во Ѓорче Петров.  Го поддржам унапредувањето на положбата на ромската заедница и ќе работиме заедно во остварување на заедничките цели“, завршува тој.