Стојкоски: Децата се наша иднина и ќе направиме се за нивната среќа

Првата седмица од месец октомври е посветена на најмалечките. 

Детската недела ги промовира правата на децата кои треба да уживаат во нивниот раст, како и потребната заштита која треба да им биде обезбедена од страна на институциите за овозможување среќно и безгрижно детство, напиша градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на официјалната Фејсбук страница.

Тој се сретна со учениците од ООУ „Мирче Ацев“.

-Среќен сум што денес моите работни простории се исполнети со многу радост, со многу насмевки на лицата и безгржен детски џагор“ на учениците од 4 одделение од ООУ „Мирче Ацев’ кои беа почетокот од мојот работен ден. Низ пријатна атмосфера и љубопитност во нивните очиња децата се интересираа за моите работните обврски, за грижата на најмалите жители на општината, за детските игралишта и други интересни прашања - напиша Стојкоски.

Тој испрати и порака до сите дечиња.

-За едни вакви поинакви средби сум секогаш подготвен а тие ми се најдраги. Им посакувам успешни училишни и безгрижни детски денови. Како градоначалник на општината Ѓорче Петров, но и како родител сакам да упатам порака до сите деца. Времето поминувајте го во дружба, спортување и учење. Почитувајте ги најблиските, сакајте го семејството. За вашите родители да бидат горди на вас, не треба многу да сторите. Треба да бидете само добар пример за среќно детство - вели Стојкоски.

Стојкоски нагласи дека и во иднина, општината ќе вложува во децата, но и во нивното секојдневие, зошто, како што кажа, тие се нашето најголемо богатство.