Стоилковски: Скопје, маларија ќе го утепа!

Скопје маларија ќе го утепа! Град Скопје и Петре Шилегов дај бре испрскајте како што треба во Аеродром, Лисиче, Ново Лисиче, Реонски Центар…Тоа “зезалиците” по улици, ако прскаат воопшто, не го решаваат проблемот низ парковите и дворовите, вели во Фејсбук статусот портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Пола век живеам во Скопје, вакво нешто не се случило, да не можеш ни преку ден да излезеш од комарци и муви!Батали политика, за здравје, за хигиена се работи! Златко Марин, Општина Аеродром, Општински советници, срамота е!