Стоилковски: Доколку истрагата немала што да крие, Јанева одамна ќе беше во притвор

Катица Јанева е алката без која не е можен рекетот, но и човекот којшто очигледно многу знае за него, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој додаде дека доколку истрагата немала што да крие, Јанева одамна ќе била во притвор, без шанси за форматирање на телефони, да оди надвор од државата и потенцијално да брише докази или да влијае врз сведоци.

„Дали Јанева е привилегирана затоа што нејзиниот пад ќе значи и пад на владата? Дали Јанева е одговорот на прашањето дали ташната со пари завршила тука на Илинденска, во зградата зад нас? Истрагата се развлекува само за да се заштити врхушката на власт. И тоа се мотивите зошто Заев е толку нервозен. А, токму тоа се и мотивите и зошто се потребни брзи предвремени парламентарни избори час поскоро“, рече Стоилковски.