Стоилковиќ: Џип вреден 60 илјади евра во сопственост на министерството личи на очерупена кокошка, биле вадени делови од него и продавани

Министерот за односи помеѓу заедниците и потпретседател на македонската Влада, Иван Стоилковиќ на новинарско прашање вели дека се откриени нови злоупотреби со имотот на министерството. Тој посочи дека возило вредно 60 илјади евра било пронајдено во многу лоша состојба во сервис каде било дадено на поправка. Како што кажа министерот од него биле вадени делови и истите биле користени за потребите на сервисот.

„Џип „бмв“ во сопственост на министерството е пронајдено во лоша состојба во еден од сервисите во кој се вршела поправката. Не сакаме да го подигнеме, бараме записници како е предадено, а имаме сведоци дека е предано во нормална состојба, а ќе бидете изненадени ако видите што се случило со тој џип кој е вреден 60 илјади евра.Не можам да утврдам за што бил користен џипот но сега можам да принесам докази дека личи на очерупена кокошка. Како може еден сериозно скап автомобил да биде оставен на милост и немилос на сервис каде се извадени врати, делови од него, згрозем сум од начинот на кој се управуало со ресурстите на министерството.Возилото било оставено на сервис, а сервисот си постапувал како што им било на дневен ред. Ваделе делови од него за нивните приватни потреби“, кажа Стоилковиќ.