Во 19.35 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски" било пријавено дека кај нив било донесено повредено момче.

Се работи за 28-годишниот В.К. од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард.  Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека В.К. се повредил околу 18.05 часот во авионот.

Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при штои В.К. паднал на подот и се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски".

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.