
Еден од најпознатите светски диџеи и продуценти, Стив Аоки, на 2. август ќе настапи во Битола, носејќи го своето препознатливо шоу кое важи за едно од најспектакуларните на електронската музичка сцена.
Кариерата на Аоки започнала во Калифорнија, каде што како студент организирал андерграунд забави, а во 1996 година ја основал музичката куќа Dim Mak Records.
Денес тој е меѓу највлијателните имиња во електронската музика, со настапи на престижни фестивали како Tomorrowland, Ultra Music Festival, EDC Las Vegas и Lollapalooza, како и во најпознатите клубови низ светот.
Зад себе има бројни хитови, меѓу кои Boneless, Delirious (Boneless), Just Hold On, No Beef и A Light That Never Comes, создадени во соработка со Linkin Park, BTS, Louis Tomlinson и Afrojack.
Она по што Аоки е особено препознатлив се неговите енергични настапи, спектакуларните визуелни ефекти и легендарното фрлање торти во публиката – традиција што стана негов заштитен знак и момент што фановите со нетрпение го очекуваат на секој концерт. Со конфети, гумени чамци, шампањ и публика која постојано е во движење, неговите сетови нудат фестивалско искуство.
Македонската публика ќе има можност оваа атмосфера да ја доживее на 2. август во Битола, кога светската EDM ѕвезда ќе приреди вечер исполнета со музика, енергија и спектакл