Стипендии за талентираните ученици во Гази Баба

Месечна стипендија во износ од 1.800 денари ќе добијат најдобрите и најталентираните ученици од Гази Баба. 

Оваа стипендија учениците ќе ја добиваат до крајот на учебната година, се со цел да се мотивираат учениците повеќе да учат и да се надоградуваат. 

Ова се спроведува во рамки на одбележување на 42 години постоење на општина Гази Баба. По тој повод, градоначалникот најави уште многу проекти, како што е гасификација, справување со загадувањето и подобрување на условите во училиштата на тамошната територија.