Иако се работи за стадионски концерт, влезниците за концертот на Sting кој ќе се одржи на 02-ри јуни 2019 година во арената „Филип Втори“, сепак ќе бидат во строго ограничен број, информираат од Авалон.

Во договор со Cherrytree Management и Live Nation, Авалон Продукција воопшто нема да ги пушта западна трибина (затоа што е далеку од бината) и источна трибина (затоа што бината ќе биде поставена на таа страна) во продажба, додека јужна и северна трибина ќе бидат адаптирани според продукцијата од техничкиот рајдер на менаџментот на Sting.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба во среда во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон, Југотон и онлајн преку avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР - 1.500 денари
GOLDEN CIRCLE – 3.000 денари (само 2.000 билети, директно пред бина)
SILVER SEATS – 2.000 денари
GOLDEN SEATS – 3.000 денари
ВИП - 4.990 денари (строго ограничени количини)

Како што можете да забележите, цената на Партер влезниците е неверојатно популарна, за концерт на артист од А класа, со интенција секој да може да си дозволи да присуствува на овој голем музички настан.

Бидејќи Sting во рамките на оваа летна турнеја нема да настапи во: Србија, Хрватска, Грција, Албанија и Косово, најљубезно ве молиме што е можно побрзо да си набавите влезница, за да не дојдеме во иста состојба како минатиот пат, кога концертот беше за рекордно брзо време распродаден.

ВАЖНО: Единствено привилегирани може да се чувствуваат оние коишто имаат досега купено и оние кои планираат да купат карта за фестивалот All You Need Is Love со Gibonni, Влатко Стефановски и Funk Shui, затоа што секоја влезница за All You Need Is Love претставува резервација со која, доколку сакате да го гледате Sting на Градски, имате загарантирана можност да набавите карта од категорија по сопствен избор, и тоа до 15-ти февруари 2019 година!