Стигнале по пријава за гласна музика: Сопственик на кафеана ноќеска нападнал двајца полицајци

Ноќеска околу 01 часот по полноќ во угостителски објект на улица „Црвена“ во Скопје, двајца полициски службеници биле физички нападнати од сопственикот Г.Б. и лицата В.А. и А.Д.

Во објектот тие отишле по поплака за гласна музика, го известиле сопственикот и побарале да се легитимира. Тој одбил и почнал да ги навредува полициските службеници, а кога се обиделе да го приведат, физички ги нападнал, по што се приклучиле и лицата В.А. и А.Д..

Сите тројца биле приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.