
Бура од реакции кај граѓаните откако општина Струга не го истакнала македонското знаме на Денот на одбележувањето на албанското знаме. За тоа градоначалникот ќе се соочи со прекршочна пријава.
Според пријавата, на настан организиран по повод Денот на албанското знаме, одржан на 28 ноември 2025 година на улицата „Маршал Тито“ во Струга, организаторите не го поставиле државното знаме на Република Северна Македонија – ниту на бината, ниту на дел од кејовите на реката Црн Дрим.
Со тоа, како што наведува полицијата, сторен е прекршок спротивно на член 6 од Законот, казнив по член 11, бидејќи организаторите биле законски обврзани да го истакнат државното знаме заедно со знамињата на заедниците.
Граѓаните сметаат дека мора да има санкција за ова дело. Еве дел од нивните ставови.
- Никаде не се дава право на ниедно малцинство да доминира и агресивно да се наметнува.
- Законот за знамиња освен во Струга треба да се почитува и во Зајас. Ако ние немаме проблем што истакнуваат замиња тогаш тие мора да го истакнуваат и државното знаме задолжително според истоимениот закон.
- Никој не забранува славење, НО треба еднаш да разберете дека сите живееме во Република Македонија во која има Устав и закони - кои сакате или не мора сите да ги почитуваме, а ако не тогаш се по закон државата треба да ги спроведе, доста е со овој башибозлук а на кого не му се допаѓа на секој патот му е отворен и доста со закани малоумници
- Има закон за знамиња и симболи. Само треба да се спроведе и имплементира.
- Секоја година Струга е така и полошо било. Зошто никој не преземал ништо. За некого да важат законите за некого не. И така со децении.
- Законски не смее да се истакне друго знаме пред институција/државна/јавна зграда без да биде присутно знамето на Република Северна Македонија. Само во строго законски определени случувања и мерки може да се истакне друго знаме — и тогаш македонското мора да биде истакнато заедно и приоритетно.

Закон за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија (1997) е основниот закон кој ја регулира употребата на државниот симбол — грбот, знамето и химната.
Согласно тој закон, државното знаме е симбол на државата и “се употребува … како што е утврдено со закон.”
За истакнување на знамиња на други држави, национални заедници или меѓународни организации — закон наведува ограничувања: тие може да се веејат само под одредени услови (на пример, за време на официјални посети, меѓународни настани, празници и сл.), и во тие случаи државното знаме мора да биде ПРИСУТНО и поставено според протокол (првата позиција, еднакви/поважни димензии) ако се вее заедно со друго знаме.
Во случаи на трајно/постојано истакнување пред државни или јавни институции — законски правило е дека државното знаме е единственото дозволено (освен евентуално дополнително, само во исклучителни и дефинирани законски случаи).
Одлука на Уставен суд на Република Северна Македонија утврди дека трајно истакнување на знаме на етничка заедница (или друго, “не-државно” знаме) пред државни/општински институции е против уставот — односно, таквото истакнување без државното знаме преставува кршење на државниот суверенитет.