„Македонскиот народ има богата традиција и тоа треба да не радува. Токму бадниковиот оган е дел од таа традиција и во оваа насока, жителите на Гази Баба самоиницијативно се организираат на топла трпеза и напитоци.“, истакна градоначалникот на Гази Баба во вчерашното вклучување на Сител Телевизија.
Стефковски од населбата Автокоманда информираше дека традицијата на палење огнови тука живее околу 25 години и додаде дека коледарите ќе ги пречека во Керадмица, кое е неговото родно место.
Во вклучувањето за Сител ТВ тој ги честита божиќните празници и посака добро здравје, мир, благосостојба и мир во секој дом.