Стевчо Јакимовски изгуби во Карпош, Стефан Богоев избран за нов градоначалник

Стевчо Јакимовски од ГРОМ ја загуби градоначалничката фотелја во општина Карпош. Кандидатот на СДСМ, Стефан Богоев, вечерва прогласи победа.

„Карпошани докажаа дека се авангардата во Скопје и во Република Македонија. Докажаа дека знаат достоинствено, чесно и културно да го поминат изборниот ден, впрочем на тој начин ја поминавме изборната камоања“, рече Богоев.

Досегашниот градоначалник на општина Карпош му ја честиташе победата на Богоев.

„Какви ќе бидат резултатите од изборот на новиот градоначалник и дали граѓаните направиле правилен избор ќе видиме по четири години“, изјави Јакимовски.