Стевановиќ: За жал изгубивме многу млади луѓе, секој килограм вишок е ризик

 Во просек околу 16 дена трае лекувањето на заболен со средно тешка клиничка слика на ковид, а кај тешката клиничка слика лекувањето трање многу подолго токму поради последиците кои ги остава инфекцијата. Последиците од инфекциите бараат подолго време на лекување, истакна д-р Стевановиќ, директор на Инфективната клиника во Скопје и додаде дека максимално рационално се користи секој кревет во болницата, како и во модуларната болница.

Во однос на смртноста, д-р Стевановиќ рече дека со пребукирањето на болничките капацитети од самиот почеток инсистирале за преземање на сите превентивни мерки од секој еден поединец:

За жал, изгубивме многу млади, релативно млади луѓе со хронични болести. За жал се уште никој сериозно не ја сфаќа обезноста или дебелината како болест односно коморбидитет. Сите ние имаме по некој килограм вишок, но луѓето со сериозен вишок на килограми се во сериозен ризик и тоа не беше сфатено сериозно. Уште на почетокот предупредивме дека тие луѓе се во сериозен ризик да добијат тешка клиничка слика на ковид, потенцираше д-р Стевановиќ.