Стендап шоу на Тодороски во МНТ: Вештачка интелигенција – природна глупост

Најновото стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски насловено “Вештачка интелигенција природна глупост“, вечерва (25 септември) во 20 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар ќе ја доживее својата премиера.

“Вештачка интелигенција природна глупост или за тие што бегале од часовите по англиски, еден човек со микрофон и 75 минути пеколна комедија која ја исмева човечката глупост!“, е најавата за ова стендап шоу на Тодороски со кое ќе настапува на балканската турнеја во 5 држави, 23 балкански градови. Тодороски е познат по својот специфичен хумор, а освен во Македонија настапува на Балканот и во Европа. Тој успеа да стигне и до полуфиналето на стендап натпреварот The Funniest Person in The World во Хелсинки, заедно со 20 комичари од светски ранг.

cheap nike free run 5.0