Министерката за култура, Ирена Стефоска, се прости од младиот актер Славиша Кајевски чија смрт ја потресе македонската јавност.
-Славиша, израз на добрина и човечност, висока професионалност. Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда.
Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша.
Славиша Кајевски (1982 – 2021), напиша министерката Стефоска.