Стефковски: Жителите на Колонија добиваат спортско игралиште

Жителите на Колонија добиваат спортски терен со најсовремена тартан подлога, најави градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски.

Според планот за работа, ова е третото спортско игралиште од вкупно седумте што се градат на територија на општина Гази Баба.

Претходно беа завршени спортските терени во Триангла и Керамидница, а во деновите пред нас ќе се изградат и во населените места Гоце Делчев и Кирил Петрушевски со тартан подлога, додека Стајковци и Страчинци ќе добијат терени со вештачка трева.