Стефковски: Започна решавањето на проблемот во Ранка Милановиќ

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денес беа во посета на поранешниот дом Ранка Милановиќ. За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на која напиша:

- “Започна решавањето на проблемот во поранешниот дом Ранка Милановиќ. Утрово заедно со Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски бевме во посета на поранешниот дом Ранка Милановиќ каде што започна акција за чистење на комуналниот отпад од дворот на објектот. Како градоначалник по извршените консултации со министерот издадов налог на ЈКП Гази Баба со својата механизација да изврши чистење на дворот на објектот и собирање на големата количина на отпад“ напиша Стефковски.