Стефковски: За три години, нула денари трошоци за репрезентација, службено возило и дневници за патувања

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на неговиот Фејсбук профил сподели дека во период од 3 години како што тој е на чело на општината нема потрошено ниту денар за репрезентација, службено возило и дневници за патувања.

„Да се биде градоначалник значи посветено да се служи на народот, а не да се користи како можност за трошење на средствата од буџетот за лични привилегии.

На првиот работен ден од мојот мандат за градоначалник се откажав од користење на службено возило, средства за репрезентација и дневници за патувања во земјата и надвор од неа.

Денес после три години од мандатот резултатите се:

0 денари - потрошени за репрезентација и ресторани!

0 денари - потрошени за службено возило за градоначалникот!

0 денари - потрошени за дневници за патувања!

Довербата од граѓаните значи чест, а пред и над се одговорност!

Дадов збор пред граѓаните дека ќе работам одговорно, чесно и посветено и така ќе биде до последниот ден од мојот мандат“, напиша Стефковски.